Вие имате прво да ја знаете вистината

Социјалистичката утопија на Ким Џонг-Ун! Севернокорејскиот лидер го посети новоизградениот град откако беше отсутен од јавноста повеќе од еден месец! (фото)

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун во своето прво појавување во јавноста по повеќе од еден месец отсуство, го посети новоизградениот град во близина на границата со Кина, објавија денеска државните медиуми во Северна Кореја.

Самџион е нов град на северот на земјата, се претвора во голем економски центар, а тамошните власти го нарекуваат – социјалистичка утопија. Во него се сместени нови станови, хотели, ски-центар, здравствени објекти, како и културни објекти.

Градот се наоѓа во близина на планината Паекту, која се смета за света планина, имајќи предвид дека семејството на Ким тврди дека корените му потекнуваат токму од таму. Ким Џонг-Ун ја посетил планината неколку пати од 2018 година, а државната новинска агенција ја претставува како олицетворение на модерната цивилизација.

Државната новинска агенција пренесува дека севернокорејскиот лидер во последната посета на Самџион проверил како напредуваат работите во третата и последна фаза од изградбата. Комплетното завршувањето се очекува да биде до крајот на оваа година, откако беа одложени градежните активности поради меѓународните санкции и пандемијата на коронавирусот.

Државната новинска агенција не го откри точниот датум на посетата на Ким на градот, но беше прва која објави извештај за неговата јавна активност по цели 35 дена, што е неговото најдолго отсуство од 2014 година. Последен пат е беше виден како држи говор на воени вежби.

Честите и долги отсуства на Ким во медиумите често поттикнуваат шпекулации за неговата здравствена состојба, а додека пак соседната, Јужнокорејската разузнавачка агенција минатиот месец објави дека севернокорејскиот лидер нема здравствени проблеми.

Ким Џонг Ун изјави дека Самџион станува пример за модерен, социјалистички и планински град кој е добар пример за рурален развој, благодарение на непоколебливата истрајност на работниците и покрај неповолните климатски услови, пренесува државната новинска агенција.

Ким додава дека изградбата на новиот град дава искуство во изградбата, дизајнирањето и користењето на технологијата, што ќе го поттикне економскиот развој на другите региони во земјата.

Овој град е еден од најголемите проекти што ги започна Пјонгјанг, како дел од амбициите на Ким да развие само-одржлива економија, за да и помогне на земјата успешно да се справи со меѓународните санкции наметнати поради нуклеарната програма на Северна Кореја.

Речиси две години по затворањето на границите поради Ковид-19, Северна Кореја неодамна го обнови железничкиот товарен сообраќај со Кина, сугерирајќи дека наскоро би можела повторно да ги отвори границите.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!