Вие имате прво да ја знаете вистината

Таа заработува 250.000 долари месечно, а нејзиното лице никој го нема видено: родителите би се откажале од мене кога би дознале што всушност јас работам!

Со прикажување на нејзиното тело на интернет, заработила вистинско богатство, а никој не знае која е таа всушност.

Bambi Blue Hair, односно русокосата Бамби, како што се претставува на социјалните мрежи вели дека преку социјалната мрежа „OnlyFans“ заработува милиони. Таа тврди дека досега има заработено вкупно 2,2 милиони фунти, но таа никогаш не го покажала своето лице.

https://www.instagram.com/p/CVyKFeUvtUV/?utm_source=ig_web_copy_link

Таа се кажува дека е во раните дваесетти години, и дека многу строго се грижи никој никогаш да не го дознае нејзиниот вистински идентитет односно нејзиното лице, бидејќи во спротивно нејзините родители би се откажале од неа.

Ниту моите најблиски пријатели или момчињата со кои се забавувам немаат информации за мене и мојата работа. Порано работев здодевна канцелариска работа и заработував 100 долари месечно. Сега заработувам околу 250.000 долари месечно – изјавува оваа девојка од Калифорнија.

https://www.instagram.com/p/CVYtYFIvSfS/?utm_source=ig_web_copy_link

Моите родители се многу конзервативни, но сепак добро се согласуваме. Меѓутоа, кога би дознале што навистина правам, би се откажале од мене. Сè уште мислат дека работам во канцеларија, а погодно е и фактот е што сега речиси сите работат од дома поради пандемијата, па не им е чудно што не одам на работа – додава таа.

Таа раскажа и неколку ситуации кога речиси било откриено што таа навистина прави.

Минатата недела имавме семејна вечера и јас станав на сред оброк за да одам во тоалет, а всушност отидов да се допишувам со еден обожавател. Тоа е таква работа, мора да бидеш секогаш достапен. Еднаш отидов на свадбата на мојот пријател и сфатив дека еден од гостите на свадбата ми плаќа за да ги гледа мојте сликите, но тој не ме препозна бидејќи го криев моето лице. Секој ден се плашам дека некој ќе ме открие, а фановите ми нудат огромни суми за да го откријам моето лице. Сепак, засега се спротивставувам на тоа – кажува таа и додава дека еден обожавател и понудил 5.000 долари за да го открие лицето, а друг ѝ понудил лет за Италија во прва класа и платен одмор. Засега давам отпор, а ќе видиме што ќе биде во иднина – кажува таа.

https://www.instagram.com/p/COLHvfNJ9ay/?utm_source=ig_web_copy_link

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!