Вие имате прво да ја знаете вистината

Успешно го тестиравме анти-сателитскиот систем – изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и ги обвини САД и Пентагон за лицемерност и дезинформации!

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, денеска јавно објави дека Русија успешно го тестирала анти-сателитскиот систем и со тоа стави крај на сите шпекулации и гласини на оваа тема.

Навистина, успешно го тестиравме системот. Филигран го погоди стариот сателит, изјави Шојгу.

Руското Министерство за одбрана ги смета за лицемерни тврдењата на американскиот Стејт Департмент и Пентагон, кои се обидуваат да ја обвинат Русија дека создава закана за Меѓународната вселенска станица.

меѓународната вселенска станица

Додека во соопштението од Русија се наведува следново:

Руската армија вчера успешно изврши тестирање, како резултат на што е уништено неисправното руско вселенско летало Целина-Д, кое се наоѓа во орбитата уште од 1982 година. Соединетите Американски Држави со сигурност знаат дека фрагментите создадени од уништувањето на сателитите не се и нема да претставуваат закана за орбиталните станици, вселенските летала и вселенските активности. Претходно, слични тестови во вселената веќе извршија САД, Кина и Индија. Ги сметаме за лицемерни изјавите на Стејт Департментот и Пентагон, кои се обидоа да ја обвинат Русија дека создава ризици за космонаутите на МКС и повикаа на заедничко развивање универзални норми за истражување на вселената.

Со години Русија ги повикува САД и другите сили да потпишат договор за да се спречи поставувањето на оружје во вселената, но САД и нивните сојузници го блокираат тоа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!