Вие имате прво да ја знаете вистината

Вучиќ во паника пред средбата со Путин, берзите го загрижија, гасот ја проби психолошката граница од 1000 долари

Откако Германија денеска официјално ја суспендираше сертификацијата на гасоводот Северен тек 2, цената на сината енергија во Европа надмина 1.000 долари за илјада кубни метри природен гас.

Ова е првпат од 27 октомври цената на гасот да ја надмине психолошката граница, а дека последниот „скок“ е околу 11 отсто потврдуваат и податоците од берзата.

Оваа економска и стратешка игра меѓу САД и ЕУ од една страна и Руската Федерација од друга, неминовно го погодува целиот регион.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, прв изрази загриженост од оваа новонастаната ситуација, и денес во Шабац метафорично рече дека „струјата и гасот стануваат своевидно ново злато“ и дека „тоа е голема борба за сите извори на енергија“.

Многу е важно како ќе успееме да се обезбедиме, рече Вучиќ, најавувајќи го како многу важен неговиот разговор со неговиот руски колега Владимир Путин во Москва на 24 ноември.

Доколку цените на гасот продолжат да „дивеат“, српскиот претседател ќе има голема и тешка задача да обезбеди најповолен аранжман за Србија во директни преговори со лидерот на најголемата земја во светот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!