Вие имате прво да ја знаете вистината

Заврши виртуелната средба помеѓу Џо Бајден и Си Џинпинг: разговор за актуелните проблеми или „стари пријатели“!?

Кинескиот претседател повика на подобрување на односите и соработкате со САД, но истакна дека промените во односите мора да се засноваат на меѓусебното почитување и разбирање. Он-лајн средбата на двајцата лидери траела три часа.

Средбата започна во позитивен тон. Кинескиот претседател му се обрати на Бајден како „стар пријателе“ и му порача дека е неопходно тој да биде здрав и стабилен за односите помеѓу Кина и САД да останат добри, но и да се одговори на глобалните предизвици како што се пандемијата со Ковид-19 и климатските промени.

Белата куќа имаше мали очекувања од средбата, по која немаше ниту заедничка изјава. На односите не им недостасуваат дополнителни тензии, бидејќи откако Бајден влезе во Белата куќа во јануари, веднаш го критикуваше Пекинг за кршење на човековите права против Ујгурите во северозападна Кина и задушување на демократските протести во Хонг Конг.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!