Вие имате прво да ја знаете вистината

Американскиот претседател Џо Бајден ги збуни новинарите, тие му поставија едно прашање, а тој даде сосема чуден одговор!?

Американскиот претседател, Џо Бајден ги збуни новинарите одговарајќи на прашањето дали САД ќе испратат делегација на Зимските Олимписки игри во Пекинг.

Јас сум делегација, изјави Бајден.

Ова ги збуни новинарите, на кои не им е јасно дали американскиот претседател го слушнал прашањето, а потоа и немаше дополнителни коментари од шефот на Белата куќа.

Вашингтон пост во вторникот објави дека американската администрација планира наскоро да објави дипломатски бојкот на Олимпијадата. Според изворите на тој медиум, ниту самиот Бајден, ниту некој член на американската влада нема да присуствува на Олимпијадата во официјално својство. Одлуката, како што велат изворите, треба да биде одговор на наводното кршење на човековите права од страна на Пекинг.

Беше најавено дека оваа одлука нема да влијае на учеството на спортистите од САД на Олимпијадата. 

Зимските олимписки игри во Пекинг ќе се одржат од 4 до 20 февруари 2022 година.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!