Вие имате прво да ја знаете вистината

Бајден директно го забрани влезот во САД за оние кој што нема да ја почитуваат демократијата ! А изборите во Никарагва ги нарече комедија

Американскиот претседател, Џо Бајден во вторникот директно им забрани влез во Соединетите Американски Држави на претседателот на Никарагва, Даниел Ортега, неговата сопруга и потпретседател Росарио Муриљо, но и на голем број министри и функционери, а причината за тоа е остро обвинение против нивните напади и нарушувања врз демократијата.

Репресијата и злоупотребата од владата предводена од Дениел Ортега, како и на оние кои го поддржуваат, не им оставаат никаква можност на САД освен да дејствуваат, кажа американскиот претседател во текстот објавен по одржувањето на спорните избори на 7ми ноември во Никарагва, на кои Ортега остана на чело на државата.

Одлучив дека е во интерес на Соединетите Американски Држави, да го забранат влезот во нашата држава за членовите на владата на Никарагва, предводена од Даниел Ортега, вклучително и неговата сопруга и потпретседател Росарио Муриљо, но и секој кој е вклучен во поткопување на демократските институции на таа држава, изјави Бајден.

На многу долгиот список на непожелни лица објавен од Бајден, има и неколку пратеници, членови на владата, градоначалници и нивни заменици обвинети за кршење на човековите права и казнување на мирни демонстранти, како и голем број високи функционери од безбедносните служби, владините агенции, затворот, администрација, судство и министерство за внатрешни работи.

Дополнително на сопругите и децата на санкционираните, исто така, им е забранет влез на територијата на САД.

Министерството за финансии на САД, веќе објави финансиски санкции во понеделникот до Канцеларијата на јавниот обвинител на Никарагва и девет високи функционери на државата, тие се товарат за фалсификуваните избори организирани од претседателот Даниел Ортега и потпретседателот Росарио Мурило.

Опозицијата не учествуваше на изборите на 7ма ноември бидејќи беа приведени главните противници на претседателот. Претседателот Бајден овие избори што му овозможија четврти мандат на Ортега, веднаш по завршувањето ги нарече комедија.  

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!