Вие имате прво да ја знаете вистината

Белорусија повторно го прекина нафтоводот кон Европа, Минск врши „непланирани поправки“

Белорусија денеска повторно ја изненади Европа со нејзината најава дека се потребни неколку непланирани поправки на кракот на нафтоводот Пријателство, кој доставува нафта од Русија преку Белорусија па се до бројни држави од Европската Унија.

Најавено е дека работите на кракот на нафтоводот со цел успешна испорака на нафтата во идниот период и без препреки ќе трае околу три ден.

Нафтоводот Пријателство е изграден во 1960-тите и е најдолгиот во светот. Тој успешно обезбедува транзит низ територијата на Белорусија.

Нафтоводот ги поврзува нафтените полиња во централна Русија со потрошувачите во Полска, Унгарија, Чешка и Германија, и преставува главна артерија помеѓу Русија и Европа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!