Вие имате прво да ја знаете вистината

Британски авион од типот F-35 утрово се урна во Медитеранот

Британски авион од типот F-35, утрово се урна во Медитеранот, а пилотот успеал безбедно да се катапултира односно да се само евакуира, соопшти Министерството за одбрана на Обединетото Кралство.

Британскиот пилот на авионот F-35 што полета од бродот HMS Queen Elizabeth, утрово се катапултирал при рутински летачки операции во Средоземното Море – се наведува во соопштението.

Се додава дека пилотот е безбедно вратен назад на бродот, како и дека е отворена соодветна истрага.

Инаку, HMS Queen Elizabeth е најголемиот британски носач на авиони и моментално се враќа во Обединетото Кралство од првото негово патување до Далечниот Исток. Тој носи осум британски F-35 авиони, како и 10 американски F-35 авиони. Се проценува дека еден F-35 авион ќе чини околу 100 милиони фунти или 134,7 милиони долари.

За инцидентот во меѓународните води ќе биде покрената воена истрага, а локалните медиуми јавуваат дека истрагата ќе се фокусира на техничка или човечка грешка.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!