Вие имате прво да ја знаете вистината

Бурно во Зеница, навивачите на Босна во физичка пресметка со навивачите на Украина поради руското знаме, мислеа дека е српско (видео)

Пред натпреварот меѓу БиХ и Украина, кој се одигра на стадионот Билино Поље во Зеница, дошло до инцидент на трибините.

На северната страна се наоѓаа навивачите од Украина и најжестоките поддржувачи на домашниот тим.

Во еден момент приврзаниците на БиХ се упатија кон гостите. Според некои медиуми, им пречело знамето кое се појавило во делот каде што биле сместени Украинците.

Украинците го извадија руското знаме, а бидејќи тоа им беше плен, по непишано правило тие го превртеа наопаку. Во очите на Босанците руското знаме „стана“ српско, па помислија дека е провокација и се упатија кон гостите.

Поголемите нереди ги спречи полицијата, која потоа исчисти дел од трибината за да спречи евентуални натамошни конфликти.

Инаку, Украина со победата го задржа второто место во групата Д а со тоа и баражот за Мундијалот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!