Вие имате прво да ја знаете вистината

Дали стилот на балканската дива, Јелена Карлеуша е повторно ископиран од позната светска ѕвезда!?

Стилот на Јелена Карлеуша со години ја плени публиката, а за тоа се зборуваше многу кога светските медиуми почнаа да забележуваат дека таа се облекува слично како најголемата реалити ѕвезда на денешницата – Ким Кардашијан.

Кој би рекол дека балканска ѕвезда може да се појави во ист контекст како и Ким Кардашијан, но кога станува збор за стилот, се чини дека тоа е и можно. Имено, Карлеуша неколку пати ја обвини Кардашијан дека ја копира, а во една прилика случајот стигна и до популарното американско шоу The Wendy Williams Show. И токму поради медиумската хајка, Јелена стана единствената балканска пејачка за која Ким јавно проговори, а во 2016 година дури објави и објава за неа на својот тогашен блог.

Мојата нова женска љубов е српската поп ѕвезда Јелена Карлеуша! Првпат слушнав за тоа кога луѓето споредуваа некои од нашите комбинации – некои рекоа дека сум ја копирала. Се разбира, морав веднаш да го видам тоа. Таа е навистина неверојатна! Некои од нејзините стајлинзи навистина личат на моите. Го сакам нејзиниот храбар стилски израз! Двете сме тотално гламурозни! Изгледа дека е моќна жена која работи многу и тоа ми се допаѓа! Ја почитувам, напиша тогаш на нејзиниот блог, Ким Кардашијан.

Тешко е да се каже кој кого копира. Но, овој пат Ким Кардашијан не е единствената која го „симнува“ стилот на Јелена Карлеуша.

Се најавува нова „драма“, овој пат со уште една светска ѕвезда. Имено, 28-годишната пејачка Аријана Гранде и Јелена носеа ист аутфит на Версаче – фустан, и гломазни чевли кои брзо станаа најбарани на листите за чекање.

Сепак, не се работи за копирање, туку за монохроматски тренд, како и за чевлите на Версаче, кои многу брзо станаа тренд.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!