Вие имате прво да ја знаете вистината

Директорот на Рома изјави: Мурињо ќе биде еден од најважните тренери во историјата на екипата

Директорот на Рома, Тиаго Пинто, и покрај лошиот старт на неговата екипа, верува дека Жозе Мурињо ќе биде еден од најдобрите тренери во историјата на клубот, но дека му треба време за да се вклопи.

Не можам да кажам дека сме задоволни, знаеме дека мораме подобро. Резултатите во изминатиот месец беа лоши, но сигурен сум дека тоа што го работиме, како и раководството на Мурињо, дека ќе донесе резултати во иднина – изјави Пинто.

Инаку, Рома по 12 одиграни кола во Серија А, има 19 бода, а се наоѓа на 6. место со 13 бода зад водечките Наполи и Милан. Сепак, оптимизмот на директорот на Рома не се намалува.

Сега сигурно не е вистинско време да се сомневаме во проектот на кој работиме, како и во водството на Мурињо – изјави Пинто и додаде дека Мурињо работи на промена на менталитетот на тимот, но и дека сака да го всади препознатливиот, победнички менталитет.

На крајот на краиштата, би било невозможно да се донесе Мурињо без заедничка стратегија. По четири месеци работа, сигурен сум дека ова е вистинскиот избор и дека Мурињо ќе биде еден од најважните тренери во историјата на Рома – изјави директорот на екипата од Рим.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!