Вие имате прво да ја знаете вистината

Голем трансфер во најава, Реал Мадрид е подготвен да го чека потписот на Мбапе до лето!

Реал Мадрид е подготвен да чека до јуни 2022 година за потпис од напаѓачот на Париз Сен Жермен, Килијан Мбапе, наместо понудата да ја даде уште во јануари, пишуваат шпанските медиуми.

Мбапе (22) има договор кој истекува следното лето, а доколку не потпише нов, во јануари ќе може слободно да преговара за преддоговор со Реал Мадрид или кој било друг клуб надвор од Француската Лига 1, со можност на заминување без надомест.

И покрај наближувањето на истекувањето на договорот, Реал Мадрид ја испрати последната понуда од 200 милиони евра за потписот на Мбапе уште во август оваа година, но не доби одговор од ПСЖ, изјавија извори блиски до клубот од Ла Лига.

Мбапе веќе неколку сезони е на мета на Реал Мадрид, велат изворите.

Францускиот репрезентативец јасно стави до знаење дека сака да се пресели во Мадрид и не сака да го продолжи договорот со ПСЖ и покрај тоа што клубот се уште се обидува да го убеди да остане подолго во Париз.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!