Вие имате прво да ја знаете вистината

Интернетот секојдневно станува поголема алатка за измама, внимавајте на овие злоупотреби кој се многу чести!

Секојдневната употребата на интернетот постојано расте, а значително во последните две години, а во исто време, за жал, бројот на обиди да се измамат корисниците на интернетот со лажни електронски пораки, реклами, наградни игри, лесни можности за добивање на пари или некои форми на измама се многу почести. А ова се дел од најчестите измами, но и неколку совети како да ги препознаете:

  • Измама преку е-пошта

Доколку добиете електронска пошта со сомнителна содржина во која се бара да ги ажурирате вашите информации, да кликнете на врската или да отворете прилог на пораката, не ги следете тие упатствата, туку избришете ја е-поштата.

Во спротивно, ризикувате да преземете сомнителен софтвер на вашиот уред или да ве имаат на нивна мета за измама, каде што ќе биде побарано од вас да ги внесете вашите лозинки, бројот на банкарска картичка или други лични податоци.

Лажните пораки може лесно да се препознаат по адресата на е-пошта на испраќачот или пак често со низа на правописни или граматички грешки во самата порака.

  • Лажни наградни игри

Пораките и објавите со таква содржина најчесто претставуваат измама со лажно претставување и неовластена употреба на графички идентитет или бренд. Во содржината на пораката на корисниците лажно им се нудат подароци или учество во разни наградни игри доколку посетат одредени интернет адреси.

Доколку ви биде понудена наградна игра за која се тврди дека ја организира некоја звучна компанија, ве советуваме прво да проверите дали информации за таква наградна игра постојат на нивната официјална веб-страница или нивниот официјален Фејсбук профил.

  • Реклами во апликациите

Агресивното прикажување на рекламните пораки и самите реклами се карактеристични за апликациите кои обично немаат никаква корист, но нивната цел е да прикажуваат пораки секогаш кога уредот е вклучен. Овие пораки може да содржат и линк до сомнителни веб-локации или да го наведат корисникот да воспостави меѓународен „сообраќај“.

Бидете внимателни со апликациите што сакате да ги инсталирате, прегледајте ги впечатоците на другите корисници и проверете какви дозволи тие бараат при инсталацијата.

Исто така, како заштита, користете антивирусен софтвер кој ќе блокира сомнителни активности, како што е Safe NET, кој е достапен за корисниците на Андроид оперативниот систем.

  • Злоупотреба со СМС порака

Целта на лажните СМС пораки е да се обидат да го збунат корисникот да мисли дека некој што го познава му се јавува. Станува збор за лажна презентација во која најчесто се бара надополнување на припејд сметката или се испраќа линк до лажна веб-локација со барање за внесување на вашата банкарска сметка.

  • Пропуштени повици од непознати или необични броеви

Доколку добиете пропуштен повик од непознати меѓународни броеви, не барајте ги назад истите, за да избегнете можни непотребни трошоци.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!