Вие имате прво да ја знаете вистината

Израел со нови ракетни напади кон Сирија, едната од ракетите успешно соборена

Израел истрела две ракети во јужен Дамаск, а целта на нападите биле две згради, јави сириската државна телевизија.

Тие известија дека една од ракетите била соборена и дека немало никакви човечки загуби.

Ракетите дојдоа од Голанската висорамнина, а сирискиот одбранбен систем пресретна еден од проектилите што пристигнаа, и успеа да го сруши. Нападот не предизвика никакви човечки загуби загуби.

Израел ја напаѓа Сирија главно ноќе. Акцијата се случи вечерта помеѓу вторник и средата нешто по полноќ. Израел во текот на годините изврши стотици напади врз цели во Сирија, но ретко ги признава или дискутира таквите операции јавно.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!