Вие имате прво да ја знаете вистината

Кога е најпогодното време од денот да направите тест за Ковид-19!?

Резултатите од новата студија покажуваат дека не е важно кога го правите тестот за коронавирусот, бидејќи вашиот дено-ноќен ритам влијае на однесувањето на вирусот SARS-CoV-2 за време на 24-часовен циклус. Новата студија открива дека точноста на PCR тестовите за коронавирусот следи секојдневна шема.

Најголем број точни позитивни резултати се јавуваат во тестовите направени околу пладне, додека вечерните тестови го зголемуваат бројот на лажно позитивни резултати. Студијата, исто така, сугерира дека пладне е време од денот кога и симптоматските и асимптоматските поединци имаат најголема веројатност да го пренесат вирусот SARS-CoV-2 на други.

Имено, научниците од Универзитетот Вандербилт во Нешвил, докажале дека веројатноста за точен позитивен резултат е двојно поголема доколку тестот се прави во средината на денот, а не навечер. Вирусното оптоварување на поединецот станува помало по 20 часа, што значи дека резултатот од тестот спроведен во тој период од денот е поверојатно да биде лажно позитивен.

Најголем број позитивни резултати имало во попладневните часови, околу 14 часот. Ова укажува дека во овој период од денот, е најактивното ослободување на заразените честички во крвта. Спроведувањето на тестот за Ковид-19 во оптимално време од денот ја подобрува неговата чувствителност и ќе помогне да се постави точна дијагноза кај луѓето кои можеби се инфицирани, но асимптоматски случаеви.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!