Тројца снежни леопарди починаа од Ковид-19 во детската зоолошка градина во Небраска оваа недела.
Рани, Еверест и Макалу од градинката Линколн се заразиле со вирусот во октомври од посетители на зоолошката.
Ова е загуба која навистина боли и сите заедно тагуваме – напишаа во петокот на официјалната фејзбук страна на зоолошката градина.

Зоолошката градина соопшти дека не знае како леопардите се заразиле со вирусот но на големо се претпоставува дека причината е човечки фактор т.е. посетител. Ветеринарите ги лекувале со стероиди и антибиотици, но безуспешно.
Два суматрански тигри, Аксл и Кумар, исто така се заразиле со вирусот, но закрепнале и успеале да го победат вирусот. Детската зоолошка градина Линколн остана отворена цело време.
Неколку снежни леопарди ширум земјата беа позитивни на Ковид-19 за време на пандемијата. Многу зоолошки градини вакцинирале голем процент од нивните животни против вирусот, за заштита и первенција на истите.