Вие имате прво да ја знаете вистината

Кралицата се врати: за прв пат по низа одложените активности и настани таа се појави во јавноста!

Денес, кралицата Елизабета е забележана како стои сама, без помош и во добор здравје, а фотографирана е во замокот Виндзор, ова е нејзиниот прв официјален ангажман откако пропушти низа настани во последниот месец поради здраствени причини.

Кралицата (95), облечена во шареноликав фустан и со бисери околу вратот, е фотографирана денеска додека се поздравува и разговара со генералот Сер Ник Картер, началникот на Генералштабот на британската армија.

Ова беше првата јавна активност на нејзиното височество, откако претходно беше домаќин на глобалниот самит на инвеститори во Виндзор на 19ти октомври.

слика од архивот

Генералот Картер влезе во собата а пред тоа беше пречекан од луѓето на Кралицата, пред да и пријде на кралицата да разговараат.

Таа го опиша неговото претстојно пензионирање од армијата како прилично тажно, на што тој одговори – осум години, тоа е многу време, а треба да напоменеме дека неговиот единствен претходник кој служел долго време бил Лорд Маунтбатен, братучед на Кралицата.

Генералот додаде дека мисли дека е дојдено време да продолжи понатаму во животот и да прави други работи.

Кралицата исто така не можеше да присуствува на вчерашното Национално собрание на Англиската црква, за прв пат во нејзиното 69-годишно владеење.

Принцот Едвард, најмладиот син на кралицата, вчера прочита говор во име на неговата мајка во Синодот на Англиската црква.

Кралицата Елизабета прво ја откажа посетата на Северна Ирска, беше во болница поради превентивни прегледи, а потоа не се појави во Глазгов на конференцијата за глобалните климатски промени. А за прв пат во последните дваесет и две години, таа не положи венец на Сенотафот во спомен на жртвите од Првата светска војна и сите последователни воени конфликти.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!