Вие имате прво да ја знаете вистината

НА КУРЦ НЕ МУ СЕ ПИШУВА ДОБРО: На поранешниот канцелар му е одземен имунитетот, веќе нема заштита

На шефот на пратеничкиот клуб на Народната партија на Австрија (ОВП), поранешниот премиер Себастијан Курц, комисија на австрискиот парламент му го одзеде пратеничкиот имунитет.

Така, само формално е да се донесе одлуката за симнување на пратеничкиот имунитет на поранешниот канцелар на собраниската седница во четврток.

Обвинителството за економски криминал и корупција, кое води истрага против Курц поради проневера и поткуп, побара укинување на имунитетот.

Обвинителството од петок ќе може да ја продолжи истрагата. По одлуката на собраниската комисија, Курц изрази задоволство, велејќи дека сега може да работи на докажување дека тоа се погрешни обвинувања.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!