Вие имате прво да ја знаете вистината

Новак Ѓоковиќ приреди ново чудо во Торино на натпреварот против Андреј Рубљев, за овој поен ќе се зборува долго (видео)

Новак Ѓоковиќ речиси цела своја кариера е навикнат на неверојатни поени. Така и на натпреварот против Андреј Рубљев, на Завршниот Мастерс во Торино одигра еден поен за кој долго ќе се зборува.

Имено, Русинот доминираше во поенот кога најдобриот тенисер во светот одигра нереална одбрана од која успеа да испрати неодбранлива топка на другата страна. Публиката знаеше да го поздрави тоа, но и Ноле знаеше да прослави одличниот поен.

Тоа се случи при резултат од 1:1 во вториот сет, а со оваа тениска магија, Новак дојде до брејк шанса, која потоа ја искористи.

Новак на крајот многу лесно успеа да го совлада противникот, а овој триумф му овозможи да обезбеди пласман во полуфиналето – и не само тоа, туку и првото место во групата.

Новак треба да одигра уште еден натпревар во групата. Негов ривал ќе биде Британецот, Камерон Нори, кој на овој финален Миастер го замени Стефанос Циципас, кој мораше да се повлече поради повреда .

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!