Вие имате прво да ја знаете вистината

Официјално, Њујорк повторно го отвора Тајмс Сквер за дочек на Новата година

Познатото место, Тајмс Сквер во градот кој што никогаш не спие, Њујорк во Соединетите Американски Држави повторно се отвора за новогодишната прослава по една година пауза поради пандемијата на коронавирус, соопштија вчера градските власти.

Посетителите ќе треба да донесат доказ т.е. сертификат за целосна вакцинација против коронавирус и лична карта со фотографија.

Сакаме да им посакаме добредојде на сите луѓе кој ќе бидат присутни, но сите треба да се вакцинираат, изјави градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио на прес-конференција.

Тој додаде дека тоа ќе биде голем момент и дека имаат многу за славење заедно.

Тајмс Сквер е најпопуларното место за новогодишни прослави во САД, а прославите беа затворени за јавноста минатата година. Поради големиот број случаи на коронавирус, сите настани, вклучително и традиционалното спуштање на топката, беа прекинати.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!