Вие имате прво да ја знаете вистината

Официјално се познати сите репрезентации кој што обезбедија директен пласман но и бараж за Светското првенство во Катар 2022 година!

Со вчерашните одиграни натпревари кој што беа закажани со почеток од 20 часот и 45 минути, и официјално се спушти завесата на европските квалификации за Светското првенство во фудбал, кое е закажано за следната година а домаќин на мундијалот е Катар.

Нашата фудбалска репрезентација, успеа со победата над Исланд да го обезбеди второто место во групата Ј, а со тоа забележа уште еден голем успех, но и бараж шанса, со која за прв пат во нашата историја, можеме да бидеме дел од светскиот мундијал.

Победниците на групите директно го потврдија пласманот на Светското првенство, а станува збор за репрезентациите на: Франција, Шпанија, Швајцарија, Белгија, Данска, Холандија, Хрватска, Србија, Англија и Германија.

Додека репрезентациите кој што се најдоа на втората позиција во групите обезбедија шанса за бараж, а тоа се: Италија, Португалија, Шведска, Украина, Велс, Шкотска, Турција, Русија, Полска и секако нашата татковина.

Последните две репрезентации кој што обезбедија бараж преку Лигата на Нациите се Австрија и Чешка.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!