Вие имате прво да ја знаете вистината

Ова е најоддалечниот хотел на светот до кој се стигнува исклучиво со хеликоптер ФОТО

Хотел Шелдон Шалет се наоѓа на надморска височина од 1.829 метри, а оттаму нуди прекрасен поглед на „крајот на светот“ и поларната светлина.

Шелдон Шалет се наоѓа на гребенот на амфитеатарот Дон Шелден на глечерот Рут. Се наоѓа на 1.829 метри надморска височина и нуди некои од најимпресивните погледи на Алјаска.

https://www.instagram.com/p/CSVWetKliUs/?utm_source=ig_embed&ig_rid=ddcb2cb1-f2f5-464e-9f32-f1b49c6892d1

До овој хотел може да се стигне само по воздушен пат, со приватен хеликоптер. Минималниот престој од три ноќевања, кој чини 35.000 долари, вклучува превоз со хеликоптер, приватен консиерж, гурмански ресторани и активности како што се санкање, планинарење и сауна на покривот.

Оваа вила има пет спални соби и може да прими максимум 10 гости истовремено.

https://www.instagram.com/p/B9aUb8bnnQT/?utm_source=ig_embed&ig_rid=5cec7632-581d-47fc-8886-e2c6a7edbf0a

Шелдон Шалет е именуван по архитектите Дон и Роберт Шелдон кои ја дизајнираа оригиналната кабина во 1966 година, која беше реновирана во 2018 година и претворена во луксузен хотел од нивните деца Роберт и Кејт.

Едноставните работи како проточна вода се всушност прилично луксузни кога сте на глечер на надморска височина од 1.800 метри, вели Марне Шелдон, сопругата на Роберт.

https://www.instagram.com/p/B4x92FOH-Mk/?utm_source=ig_embed&ig_rid=e8e1d28b-5e47-4836-989f-a7ce7b91917a

Роберт призна дека е неописливо чувство да се заврши нешто што нивните родители го измислиле во 1960-тите.

Мајка ми и татко ми беа луѓе вредни за паметење, но нивната желба за оваа локација немаше никаква врска со нивното наследство. Тие само сакаа другите луѓе да го искусат ова место кое е прекрасно над сè друго на планетата, рече Роберт.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!