Вие имате прво да ја знаете вистината

По неа целиот свет полудуваше, вака изгледа денеска иконата на 60тите и 70тите години, Брижит Бардо. Има 87 години и ужива во четвртитот брак (фото)

Француската манекенка, актерка и пејачка Брижит Бардо, ја стекна својата меѓународна слава како пин-ап девојка. Таа беше францускиот одговор на Мерлин Монро и беше позната низ целиот свет.

Бардо не секогаш имала најсреќен живот. Во септември 1960 година, таа се обидела да се самоубие и завршила во болница во Ница, каде медицинскиот тим успеал да ја спаси. Таа имала три бурни бракови со милионери и бизнисмени, но тоа не ја спаси и не ја отргна од самоубиствени мисли. Во 1983 година повторно се обидела да си го одземе животот, но за среќа повторно не успешно.

Покрај тоа, таа во животот има преживеано и рак на дојка. Денес е во брак со нејзиниот четврт сопруг: Бернард д’Ормале.

Брижит е многу страсна кон животните: таа е вегетаријанец и голем активист за правата на животните, а поради тоа таа продаде многу од нејзините вредни работи (вредни по стотици илјади евра) за да ги спаси животите на животните.

Брижит Бардо сега има 87 години и долго време е во пензија и надвор од јавниот свет, но старата пин-ап девојка се уште ја препознаваме во нејзиното лице! Дали можете и вие да ја препознаете ?

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!