Вие имате прво да ја знаете вистината

Познат американски милијардер предвидува: доаѓа пандемија полоша од короната!

Американскиот милијардер Ворен Бафет, во неговото неодамнешното интервју за CNBC изјави дека доаѓа уште една пандемија, која може да биде полоша од сегашната.

Вакви лоши вести нема ниту така наречениот доктор пропаст, или Нуриел Рубини, кој ја предвидуваше економската криза од 2008 година, а сега тврди дека се можни четири сценарија.

Бафет е убеден дека и покрај тоа што пандемијата е речиси надмината, светот не е подготвен да се справи со вонредната состојба. Тој е уште позагрижен за економските последици од Ковид-19 пандемијата, која, како што тврди, најмногу ги погодила малите бизнисмени.

Во март минатата година, пандемијата затвори илјадници мали бизниси. Исто така минатата година донесе и најголем пад на БДП на САД од 1946 година. Големите бизниси поминаа добро, но сè уште не е ништо готово, изјави Бафет.

Познатиот милијардер во едно негово интервју признал дека и самиот доживеал моменти на финансиска несигурност бидејќи не знаел што ќе се случи со неговите авиокомпании.

Сите знаеме дека постои нуклеарна, хемиска, биолошка и сајбер закана и дека општеството сè уште не е подготвено да се справи со тоа, додава Бафет.

Тој предвидува и полоши сценарија и од оние на Нуриел Рубини или како што го нарекуваат доктор пропаст, кој ја предвиде светската економска криза во 2008 година. Неговата оценка сега е дека може да се случат четири сценарија, како резултат на глобалната стагнација и кризата со коронавирусот.

Најреално, како што кажува тој, е сценариото за „прегревање“. Ако ја земеме предвид сегашната лабава монетарна, фискална и кредитна политика и постепеното исчезнување на короната, а приклучоците во синџирите на снабдување со истите би го прегреале растот и централните банки би останале во сендвичот, тврди Рубини.

Рубини како можни сценарија ги спомнува и стагфлацијата, забавувањето или сценариото „Златоци“, што подразбира намалување на инфлацијата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!