Вие имате прво да ја знаете вистината

ПРИСТИГНУВААТ ПРВИТЕ КОЛИЧИНИ ВО СРБИЈА: Лекот за корона од декември за 50.000 пациенти

Првите количини на лекот молнупиравир, ефикасен против новите варијанти на коронавирусот, во Србија ќе пристигнат во декември за околу 50.000 пациенти, најави директорката на Републичкиот фонд за здравствено осигурување (РЗЗО), Сања Радојевиќ Шкодриќ.

Радојевиќ Шкодриќ за белградски Курир изјави дека Србија нема ограничувања во количини и може да повлече онолку колку што е потребно за сите пациенти.

Обезбедувањето на молнупивир и уште еден нов антивирусен лек паксловид е дополнително оружје за лекување на инфекција со коронавирус. Очекуваме со брзото и навремено воведување на оваа нова терапија да ги растеретиме болничките капацитети и да го намалиме бројот на пациенти кои се животно загрозени, истакна Радојевиќ Шкодриќ.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!