Вие имате прво да ја знаете вистината

Рускиот генерален секретар на советот за безбедност на државата, предупреди дека се заканува катастрофа и нова граѓанска војна

На Авганистан му се заканува катастрофа и нова граѓанска војна доколку новите власти не успеат да ја нормализираат ситуацијата, изјави секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев.

Доколку новите власти во Кабул не успеат да ја нормализираат ситуацијата и ако меѓународната заедница не обезбеди ефикасна поддршка на авганистанскиот народ – настаните би можеле да се развијат според катастрофално сценарио, вклучувајќи нова рунда граѓанска војна, општа сиромаштија и глад. Во Авганистан денеска се развива многу тешка ситуација, како во воено-политичка но и во општествено-економска смисла – предупреди Патрушев на состанокот на секретарите на Советот за безбедност на земјите од ЗНД во Москва.

Тој исто така додаде дека е неопходно да се спречат можните обиди на САД и нивните сојузници да се наметнат во близина на таа територија но и во близина на Заедницата на независни држави.

Особено е важно да се спречи Авганистан да стане полигон за непромислени геополитички авантури на странски големи играчи. Ги имам предвид, пред сè, обидите на САД и нивните сојузници да се зајакнат во регионот, вклучително и во зоната на ЗНД, под изговор за влошување на ситуацијата во таа земја. Ваквите иницијативи треба да се потиснат согласно одлуките кои се веќе донесени на највисоко ниво – потенцира Патрушев.

На 6ти септември талибанците објавија дека Панџир, последната од 34-те авганистански провинции, исто така е ставена под нивна контрола. Следниот ден беше објавен составот на привремената влада на Авганистан: на чело е Мухамед Хасан Ахунд, кој беше министер за надворешни работи за време на првото владеење на талибанците и е под строги санкции на ОН.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!