Вие имате прво да ја знаете вистината

Шведска за прв пат воведува епидемиолошки ограничувања против Ковид-19 од овој тип! Скандинавската држава се припрема за новиот бран

Шведска ги укина сите епидемиолошки ограничувања поврзани со коронавирусот пред два месеци, но скандинавската држава сега повторно воведува рестрикции, а тие најмногу се однесуваат на невакцинирани лица.

Според Лена Халенгрен, министерката за здравство и социјална заштита, Шведска од 1ви декември ќе пропишува контролите за потврди односно сертификатите за примени вакцини против Ковид-19 за лица над 16 години на сите јавни собири во затворени простории со повеќе од 100 луѓе. Ова е прва ваква регулативна мерка во оваа држава односно за прв пат ќе се проверуваат сертификатите на граѓаните, за влез во затворени простории и јавни собири. За разлика од останатиот дел од Европа, Швеѓаните досега ги користеа само за преминување на државната граница.

Заразата повторно се шири во Европа. Иако ова сè уште не се случило во Шведска, мора да бидеме подготвени за фактот дека може да има се повеќе и повеќе заразени луѓе. Институтот за јавно здравје предложи воведување сертификати за Ковид-19 за собири во затворени простории каде има повеќе од 100 луѓе и Владата се согласи. Ова е тешка одлука. Сите би сакале пандемијата да заврши – ја објасни одлуката министерката Халенгрен.

Во Шведска, епидемиолошката ситуација беше релативно поволна, со една од најниските стапки на инфекции и смртност во Европа. Сепак, владата на премиерот во заминување Стефан Лофвен, одлучи да реагира превентивно, избегнувајќи ги претходните критики добиени за бавниот одговор на ширењето на вирусот. Во Шведска, стапката на инфекција е многу помала отколку во останатите земји, но стапката е зголемена во некои погранични области како што е провинцијата Скане.

Карин Тегмарк Висел, директорка на Институтот за јавно здравје, изјави дека Шведска досега не забележала голем пораст на бројот на заразени, но дека денешната одлука е начин да се спречи можното преоптоварување на болничкиот систем. Во шведските болници моментално се лекуваат од коронавирус 283 пациенти, од кои 29 се на респиратор.

Веруваме дека ширењето на инфекцијата е пред нас и не можеме само да седиме и да се надеваме на најдоброто. Инфекцијата е најзастапена во затворените простории, особено кај возрасните кои не биле вакцинирани. Вие кои се уште не сте биле вакцинирани, задолжително направете го тоа веднаш. Вакцината штити од инфекција, тешка болест и смрт, но не целосно и апсолутно. Иако ризикот е значително помал, и вакцинираните лица можат да се заразат и да ја шират инфекцијата – изјави Висел, додавајќи дека сертификатите за Ковид-19 нема да важат за ресторани и други угостителски објекти, продавници, училишта, факултети и други јавни простори.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!