Вие имате прво да ја знаете вистината

Скандал! Во Пенсилванија најдени епрувети со ознака “големи сипаници”

Неколку епрувети со ознака „големи сипаници“ се откриени во истражувачки центар во Пенсилванија, според Американскиот центар за превенција и контрола на болести (ЦДЦ).

„Нема индикации дека некој бил изложен на содржината на замрзнатите епрувети“, изјавија од ЦДЦ за Си-Ен-Ен.

Замрзнати епрувети означени како „големи сипаници“, заедно со 10 епрувети од вирусот вацинија, случајно ги пронашол лабораториски техничар додека го чистел замрзнувачот во објект за истражување на вакцини во Пенсилванија.

ЦДЦ во соработка со полицијата го истражува случајот, а се чини дека содржината на епруветите е недопрена.

Лаборантот што ги откри носел заштитна опрема. Штом ќе дознаеме повеќе информации ќе ги обелодениме – истакнаа од Центарот за превенција и контрола на болести.

Големите сипаници се предизвикани од два вида на вирусот вариола (вариола мајор и вариола минор). Варијантата на големи сипаници е посериозна заразна форма, чија смртност е околу 30 проценти кај возрасните и уште поголема кај децата.

Само во 20 век од сипаници умреле помеѓу 300 и 500 милиони луѓе. Исто така, кога европските колонизатори првпат дошле во контакт со домородците на Новиот свет, тие го пренеле вирусот на сипаници на кој немале природен имунитет.

Се проценува дека стапката на смртност од сипаници кај домородното население била околу 90 проценти. Вирусот збриша огромен процент од вкупното население.

Бидејќи домаќинот на вирусот е исклучиво човек, со големи напори на Светската здравствена организација и масовната вакцинација против сипаници, тие официјално беа прогласени за искоренети во 1979 година.

Луѓето веќе не се вакцинираат против нив, а примероци од вирусот сега може да се најдат во епрувети во истражувачки лаборатории.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!