Вие имате прво да ја знаете вистината

Смрт во пустината: Мигранти во Катар работат за 12 фунти дневно, градејќи стадиони за Мундијалот и умираат на горештините

Цела планета со нетрпение го очекува Светското првенство фудбал следната година во Катар.

Меѓутоа, условите во кои работат луѓето за се да биде подготвено на време за овој настан се, во најмала рака, катастрофални, пренесува Дејли Мејл.

Работниците имигранти во Катар добиваат скудни 12 фунти за нивната 11-часовна дневна работа за изградба на величествени фудбалски објекти во оваа арапска земја!

Тие патуваат еден час до работа со автобус, патувањето им е неплатено и назад во кампот кој се наоѓа на север, значи два часа. Моментално е ископан поголем дел од Доха, главниот град на Катар, а работниците имаат проблем со жештините. Тие клечат на сонце, поставувајќи камени тротоари околу стадионот Лусаил, местото каде што ќе се играат финалето на Светското првенство.

Имаат едно место за одмор, со големина на мала автобуска постојка. Поради жештините има голем број на смртни случаи. Податоците покажуваат 5.927 смртни случаи помеѓу 2011 и 2020 година, додека пакистанската амбасада во Доха додаде уште 824 жртви во истиот период.

34-годишен работник починал во сон откако работел на отворено околу 10 часа на топлина од 39 степени.

Дополнителен проблем е што работниците не можат да ги напуштат своите работни места или државата без дозвола на нивниот работодавец. Реакцијата на контроверзните работодавци во Катар против обидите на работниците да им се даде такво основно право значи дека некои претходни злоупотреби се повторуваат.

Вработените мора да покажат потврда „без приговор“ од нивниот претходен работодавец пред да заминат. Несовесните работодавци заработуваат од продажбата на овие формулари.

Сето ова говори за необјаснивиот дел од контроверзното Светско првенство во Катар. Како може една модерна заливска држава која потроши милијарди на првенство кое трае 28 дена, да не може да им обезбеди нормални и крајно хумани услови за работа на оние кои се обидуваат да ја завршат целата напорна работа пред почетокот на најголемото фудбалско шоу?!

Катарската влада ги негира очајните услови

Во соопштението на катарската влада се наведува дека го отфрла тврдењето дека реформите во трудот не доведоа до промени на теренот за стотици илјади работници мигранти.

Катар ги засили мерките за спроведување за да ги заштити работниците и да ги гони работодавците кои не го почитуваат законот. Посветени сме да работиме заедно со меѓународните партнери и критичари за дополнително подобрување на стандардите за сите работници мигранти во Катар, се вели во соопштението.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!