Вие имате прво да ја знаете вистината

СЗО предупредува: Европа станува епицентарот на коронавирусот, неопходно е итно превзимање на нови мерки!

Бројот на смртни случаи како последица од Ковид-19 во Европа минатата недела се зголеми за пет отсто, објави Светската здравствена организација (СЗО), посочувајќи дека со тоа Европа стана единствениот регион во светот каде што е зголемена смртноста.

Бројот на позитивни случаи е зголемен за шест отсто на глобално ниво поради порастот на ново заразени во Америка, Европа и Азија, објави СЗО во неделен извештај.

Бројот на смртни случаи остана стабилен или во опаѓање во сите други региони, достигнувајќи вкупно 50.000 смртни случаи ширум светот на неделно ниво.

Од околу три милиони пријавени нови инфекции со Ковид-19, 2,1 милион се регистрирани во Европа, се наведува во извештајот на СЗО и се додава дека ова е седма последователна недела како бројот на новозаразени продолжува да расте во вкупно 61 европска држава.

Најголем број на нови случаи е забележан во Русија, Германија и Велика Британија, а бројот на смртни случаи скокнал за 67 отсто во Норвешка и 38 отсто во Словачка.

Бројот на заразени опаѓа во Африка, Блискиот Исток и Југоисточна Азија.

Додека околу 60 отсто од населението на Западна Европа е целосно имунизирано, процентот на имунизирани во источниот дел на континентот е само 30 отсто, и покрај борбата на официјалните лица да ја надминат широко распространетата неодлучност во однос на вакцината.

Извештајот на CAP ја опиша Европа како епицентар на пандемија, предупредувајќи дека бројот на смртни случаи може драстично да се зголеми до јануари доколку не се преземе итна акција.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!