Вие имате прво да ја знаете вистината

Западот мора да погледне во студените очи на Путин и да се соочи со неговата тактика, Лондон бара НАТО војска на Балканот за да се удри Русија

Поранешниот државен секретар на Обединетото Кралство и поранешен лидер на Конзервативната партија Вилијам Хејг изјави дека тензиите во БиХ може да ја турнат цела Европа во криза.

Во авторски текст за весникот Тајм, чии делови пренесе порталот Кликс, Хејг образлагањето на својот став го започна со објаснување на актуелните односи меѓу европските земји и Русија, нагласувајќи дека Германија е една од земјите што се падна под руското влијание.

Има две работи кои никогаш не ги заборавив на првата средба со Путин. Едната беше дека ги имаше најстудените очи што сум ги видел, а другата беше дека едноставно сакаше да ни продаде многу гас. Некои од нашите сојузници не беа отпорни на оваа стратегија. Германија дозволи изградба на Северен тек 2, а коалицијата што треба да ја формира новата влада се мачи во преговорите и за ова прашање, изјави Хејг.

Тој, исто така, вели дека кога Берлин ќе се согласи на тоа, Украина и другите ќе бидат повеќе изложени на тоа Путин да го намали притисокот во гасоводите од кои зависат земјите.

Секоја слаба точка на западните земји се искористува. Полска, отуѓена од партнерите во ЕУ, се соочува со сурова бегалска криза. На Унгарија и недостасуваат пријатели во Брисел, но ги наоѓа во Москва. Десетици илјади руски војници се собираат на границата во близина на Украина и мора да се запрашаме што може да се направи во овој поглед, пишува Хејг.

Поранешниот дипломат нагласи дека за секоја од овие закани има одговори кои Западот може да ги искористи против Русија. Сепак, клучната област за Западот по ова прашање е Балканот.

Историјата многупати покажа дека ги игнорираме опасностите на Западен Балкан. Тоа беше жариште 1914 година и сцена на најкрвавите војни во Европа во текот на 1990-тите. Овде, Русија се обиде да ги попречи аспирациите на милиони луѓе да живеат во стабилни и западно ориентирани земји. Обид за државен удар во Црна Гора, интервенции на референдумот во Северна Македонија и зголемен притисок врз политичкиот и деловниот живот во Србија. За да го заврши хаосот, ЕУ ги затвори вратите за натамошно проширување, а Велика Британија го загуби своето влијание преку Брегзит – се наведува во текстот.

Тој понатаму наведува дека Западот, вклучително и Велика Британија, го немаат луксузот да ги игнорираат настаните на Балканот.

Милорад Додик со години ја поткопува државата Босна и Херцеговина со активна поддршка на Русија и Србија. За Москва ова служи за блокирање на евроатлантските интеграции. Босна би била како Украина, Грузија и Молдавија, земја која нема можност да влезе во НАТО или некогаш да функционира како нормална земја. Во последните недели ситуацијата стана сериозна. Додик се приближува кон отцепување. Тој рече дека ќе собере војска од босански Срби, самата војска одговорна за геноцидот во Сребреница. Тој се обидува да ја искористи слабоста на Западот за да ја забрза кризата која води до прекројување на картите, со територијата што би и била припоена на Србија – наведува поранешниот дипломат.

Како заклучок, тој се осврна и на неопходноста од испраќање војници на НАТО во БиХ:

Малите европски воени сили, попознати како ЕУФОР, треба да се засилат со војници на НАТО распоредени во стратешки важни области како Брчко и аеродромот во Тузла. Тоа звучи драматично, но само силата и решителноста ќе не оддалечат од големите неволји . Колапсот во Авганистан покажува што се случува кога Западот ќе го изгуби вниманието. Не може да се дозволи истото да се случи во рамките на европскиот континент. Западот мора да погледне во студените очи на Владимир Путин и да се соочи со неговата тактика. Балканот е клучно место за да почнеме да го спроведуваме тоа – заклучи Хејг.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!