Вие имате прво да ја знаете вистината

Аргентинскиот магазин Оле го состави тимот на поранешна СФРЈ, оваа екипа би се борела за титулата

Аргентинскиот магазин Оле посвети внимание на актуелните играчи од поранешна Југославија, кои последен пат под тоа име играа на Светското првенство во Италија во 1990 година, и тие составија тим како би можела да изгледа денес репрезентацијата на поранешната држава.

Според нивното мислење на голот на тимот на поранешните заедничка држава во 2021 година би бил чуварот на мрежата на Атлетико Мадрид, Словенецот, Јан Облак, а во одбраната ќе играат Шиме Врсаљко, Никола Миленковиќ, Стефан Савиќ и Александар Коларов.

Во средниот ред, според Аргентинците, би можеле да играат Лука Модриќ, Марсело Брозовиќ, Матео Ковачиќ и Сергеј Милинковиќ-Савиќ, а алтернативи се Адам Марушиќ, Миралем Пјаниќ и Филип Костиќ.

Во нападот влегоа двајца играчи – капитенот на Босанците, Един Џеко и Србинот, Душан Тадиќ, а алтернативи би биле Душан Влаховиќ, Иван Перишиќ, Стеван Јоветиќ и Лука Јовиќ.

Очигледно, Аргентинците го формираа овој тим врз основа на субјективни мислења за општиот квалитет на играчите кои настапуваат за репрезентациите од овие простори, а не поради моменталната форма со која ваквиот состав може да изгледа значително поинаку, особено што некои нови играчи се во моментот во подобра форма или имаат повисока цена на пазарот, на пример место во овој тим сигирно треба да има нашиот Елиф Елмас.

Потсетуваме, Хрватска и Србија изборија пласман на Светското првенство во Катар во 2022 година, додека нашата репрезентација ќе игра во баражот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!