Вие имате прво да ја знаете вистината

Автопортретот на расплаканата Фрида Кало со сопругот Ривера ги срушил аукциските рекорди

Сликата на мексиканската сликарка Фрида Кало се продаде во аукциската куќа Сотбис (Sotheby’s) во Њу Јорк за рекордни 34,9 милиони долари што е воедно и највисоката цена некогаш платена на аукција за уметничко дело во Латинска Америка.

Претходно, рекордот го држеше Диего Ривера, со кого Кало имала повеќе децениска бурна врска. Неговата слика се продала за 9.76 милиони долари во 2018 година.

Сликата на Фрида Кало наречена “Диего и јас” (Diego y Yo) била еден од нејзините последни автопортрети кој ја прикажува расплаканата сликарка со Ривера насликан над нејзините очи.

Во Сотбис оваа слика ја опишуваат како едно од најважните дела на Фрида Кало што завршило на аукција. Според Њу Јорк Тајмс, купувачот на оваа слика е Едуардо Ф. Козантини, кои има музеј во Аргентина, а сликата последен пат била на аукција во 1990 кога се продала за 1,4 милиони долари.

Кало се смета за една од најголемите сликарки на 20 век и таа била позната по своите интимни аутопортрети кои изразуваат бол и изолација. Живеела од 1907 до 1957 и преку својата уметност гордо ја промовирала автохтоната мексичка култура. Во своите дела таа пронаоѓала засолниште од својот болен однос со сопственото тело, како последица на повреди здобиени при тешка сообраќајна несреќа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!