Вие имате прво да ја знаете вистината

Британска Колумбија прогласи вонредна состојба: невремето уништува патишта, отсечени се неколку градови а забележано е и лизгање на земјиштето, на терен војската!

Вонредна состојба е прогласена во западната канадска провинција Британска Колумбија, откако патните и железничките врски во регионот беа прекинати во силно невреме, јави во четвртокот BBC.

Канадските војници им помагаат на илјадници жители кои останаа заробени по невремето што ја погоди областа во неделата навечер.

Премиерот Џастин Трудо, вети помош за време на посетата на Вашингтон и изјави дека војската ќе помогне во обновата.

За сега една жена загина, а две лица исчезнаа во одроните.

Илјадници луѓе беа евакуирани по т.н атмосферската река – долга нишка на концентрирана влага во атмосферата која носи вода од тропските предели до половите – а тоа го исфрли просечниот месечен дожд во регионот за само 24 часа.

Властите во регионот ја припишуваат природната катастрофа како дел од ефектите од климатските промени.

Влијанието на климатските промени врз фреквенцијата на бурите сè уште е нејасно, но познато е дека покачените температури на морската површина го загреваат воздухот и ја зголемуваат енергијата за формирање на урагани, циклони и тајфуни. Како резултат на тоа, се очекува поекстремни врнежи веројатно кои исто така ќе бидат и поинтензивни.

Светот веќе се загреа за околу 1,2 целзиусови степени од почетокот на индустриската ера, а температурите ќе продолжат да растат доколку владите ширум светот не придонесат за нагло намалување на емисиите.

Поплавите во Британска Колумбија го блокираа пристапот до најголемото пристаниште во земјата и уништија неколку важни патишта, предизвикувајќи лизгање на земјиштето кои загрозија илјадници луѓе и однесоа најмалку еден живот.

Официјалните лица предупредуваат дека бројот на загинати може да се зголеми бидејќи се уште има исчезнати лица.

Сведоци сме на природна катастрофа, изјави провинцискиот секретар за јавна безбедност Мајк Фарнворт доцна во вторникот.

CNN објави дека градот Аботсфорд, кој се наоѓа во близина на Ванкувер, имал рекорден ден по врнежи на ден, само 140 дена откако забележал и рекордно висока температура во историјата.

Градот е познат по својата млечна индустрија, па фармерите во вторникот се мачеа да ги спасат своите животни од надојдената вода.

Неколку градови се целосно отсечени, а се претпоставува доколку продолжи вака дека ќе има можност за недостиг на храна.

Џеф Кун, свештеник на црква во Хоуп, град со 6.000 жители на околу 160 милји источно од Ванкувер, изјави дека 1.500 луѓе бараат засолниште.

Не остана многу во продавниците. Тие не можат да се надополнат бидејќи патиштата не се проодни, изјави тој за канадската државна телевизија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!