Вие имате прво да ја знаете вистината

Дали Лукашенко ја загуби битката со кризата на границата, или пак ова е само уште еден нов маневар на Минск!?

Белорусија денеска започна да превезува мигранти од граничниот премин Кузница-Брузги со Полска, соопшти полската влада, истакнувајќи дека белоруските власти, кои организирано ги носеа мигрантите на границата, изгледа се повлекуваат назад.

Добив информација дека Лукашенко ги обезбедил првите автобуси за заминување на мигрантите. Се празнат и шаторите кај Кузница – изјави државниот секретар на МВР за Републичката телевизија во Полска.

Се чини дека Лукашенко ја загуби битката на границата, додаде тој.

Дмитриј Шевцов, генералниот секретар на белорускиот Црвен крст, изјави дека на граничниот премин работите се расчистуваат, и дека неколку автобуси носеле мигранти од границата. Шевцов кажува дека тие се однесени во блискиот детски камп за одмор. Сепак, повеќето од мигрантите останале во шаторите и магацинот во близина на границата.

Граничната полиција соопшти дека се организирани и неколку автобуси кој одат за Минск за оние мигранти кои сакаат да се вратат во Ирак. Засега не е познато кога ќе тргнат овие автобуси. Илјадници мигранти, главно од Ирак и Авганистан, се обидуваат да влезат во Полска преку Белорусија, што доведе до хуманитарна криза на источната граница со Европската Унија.

ЕУ го обвинува Лукашенко дека ги намамил очајните луѓе во Белорусија и ги транспортирал до границата со Полска, каде што се задржани во студени услови, без засолниште и со малку храна.

Брисел вели дека Минск ги користи мигрантите како пиони во хибридната војна против Европската Унија поради непризнавањето на прогласената победа на Лукашенко на минатогодишните претседателски избори, кои опозицијата не ги признава.

Околу илјада мигранти ги поминаа ноќите во магацин, по судирите со полските сили на границата во вторникот. Белоруската државна новинска агенција Белта, објави фотографии од возрасни и деца во салата со ќебиња и вреќи за спиење. Белта исто така објави и фотографии од мигранти на отворено околу камперскиот оган.

Кабинетот на белорускиот претседател во средата објави дека Лукашенко се договорил со германската канцеларка во заминување, Ангела Меркел да разговара со Европската Унија за кризата. Германската страна се уште не го потврдила овој договор.

Унијата се обиде да изврши притисок врз земјите на потекло на мигрантите и авиокомпаниите да го запрат мигрантскиот тек кон Минск.

Полскиот парламент во средата усвои закон со кој се дозволува привремени ограничувања на движењето и пристапот на медиумите до граничната област. Во моментов, вонредната состојба важи за три-километарскиот појас долж границата со Белорусија, но таа одредба истекува на 2ри декември и не може да се продолжи.

Според новиот закон, полскиот министер за внатрешни работи може да им забрани на сите они кој што не живеат во таа близина, да влезат во граничната област доколку ситуацијата е опасна.

Исклучоците, особено оние за новинарите, одлучуваат локалниот командант и граничната служба.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!