Вие имате прво да ја знаете вистината

Дали знаете: Зошто смрдат нашите пазуви?

Потењето е еден од клучните процеси кој се одвива во нашите тела бидејќи служи за регулирање на телесната температура, односно спречува прегрејување на телото.

Потта доаѓа до контакт со бактерии на површината на кожата, па така и под пазувите предизвикува непријатен мирис.

Сепак, нема сите луѓе да бидат склони на смрдеа поради потење. Една студија спроведена во 2013, докажала дека генот ABCC11, кој е одговорен за тоа дали телото произведува сув или влажен ушен восок, исто така одредува дали некој ќе биде склон на смрдливи пазуви.

Со други зборови, тие луѓе кои лачат сув ушен восок, исто така се тие што никогаш нема да смрдат поради потење.

Само два отсто од Европјаните имаат ген кој спречува смрдеа при потење, но повеќето источни Азијци И Корејци никогаш нема да помирисаат непријатни телесни мириси поради потење.

Унивезитетот Бристол во Англија во своето истражување открил дека дури 75 отсто од луѓето што имаат ген благодарејќи на кој никогаш нема да смрдат, сепак и понатаму користат дезодоранс заради општествено прифатени норми.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!