Вие имате прво да ја знаете вистината

Експлодираат цените на бензинот! Дали на Европа и се заканува недостиг!?

Цената на природниот гас во Европа повторно порасна, откако беше одложено пуштањето на гасоводот Северен тек 2 кои води од Русија до Германија.

Германскиот регулатор како што беше објавено во вторникот соопшти дека го суспендирал процесот на сертификација за проектот Северен тек 2 додека швајцарската компанија што управува со гасоводот не основа компанија во Германија.

Процесот на лиценцирање е стопиран додека средствата и луѓето не се „пренесат“ во новата компанија. Одлуката е техничка, а не политичка, истакнуваат Германците.

Откако ова беше објавено, европскиот бензин поскапе и до 12 отсто.

Холандскиот гас забележа раст за 9,7 отсто, а додека Британскиот гас бекежи раст за 9,8 отсто. Во Велика Британија, цените исто така скокнаа за 17 отсто, поттикнувајќи ги новите британски стравови за астрономските цени и најавениот зимски недостиг на гас.

Причината за поскапувањето на гасот на берзите во Европа не е само доцнењето со дозволите во Германија: побарувачката се зголеми поради студеното време, додека испораките на гас од Норвешка, вториот најголем европски снабдувач по Русија, се намалија за 10 отсто поради проблеми во полето за гас Трол.

На Кина ќе и требаат големи количини гас за да се откаже од јагленот. Се проценува дека големопродажните цени на бензинот скокнале поради загриженоста дека Русија нема да го зголеми снабдувањето со гас на алтернативните рути доколку гасоводот Северен тек 2 остане блокиран.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!