Откако јорданскиот фудбалски совет побара од Азиската фудбалска федерација (АФФ) да извршат истрага за да се утврди полот на голманката на иранската презентација Зохреха Коудаеи, за која има сомнежи дека е маж, таа одговори велејќи дека нејзиниот единствен грев е дека не е убава.
Иран се пласираше на Азискиот куп за жени 2022, победувајќи против Јордан со резултат 4:2 после изведените пенали. Јунак на натпреварот беше голманот Зохреха Коудаеи, за која Јорданците тврдат дека е маж.
Сепак, Коудаеи била испитувана повеќе пати во минатото и таа се има брането во медиумите.
“Единствениот грев ми е што не сум убава”, Кажала Зохреха Коудаеи, која беше одбранета и од иранската селекторка Маријам Ирандуст.
“Овој разговор околу полот на голманката е само изговор за да не се прифати поразот”, тврди Ирандуст.
Инаку, според иранските медиуми Коудаеи е родена во 1989 година и е дефинитивно жена.