Вие имате прво да ја знаете вистината

Ливерпулскиот бомбаш пред нападот украсувал торти! Пред три години одел на курс за декорирање колачи

Бомбашот од Ливерпул одел на курс за декорирање на торти на локалниот колеџ, три години пред нападот, се дозна синоќа.

Емад ал-Свелмин бил студент на колеџот во Ливерпул за време на академската година 2018/2019 година каде следел курс за декорирање на торти за возрасни.

Колеџот соопшти дека е запрепастен кога се слушнало за неговата вмешаност во трагичните случувања во неделата, кога импровизираната експлозивна направа на Свелмин експлодирала во задното седиште во такси пред Женската болница во Ливерпул, убивајќи се себеси и ранувајќи го таксистот Дејвид Пери.

Описот на курсот вели дека е за сите тие кои сакаат кариера во индустријата за печење/декорирање на торти, да основаат сопствен бизнис или да ја подобрат својата вештина во домашното печење и украсување на торти.

Цената за курсот за последната академска година е 1672 фунти, ама се нуди финансиска помош на оние со ниски примања.

Елизабет и Малколм Хичкот, христијански пар кој живее во Ливерпул, го примиле Свелмин на гости во својот дом во 2017 година, а оваа недела го опишале 32 годишникот како уметничка личност која неодамна следела курс за украсување на торти.

Господин Хичкот кажал: Мојата жена го видела пред затварање и се чинило како да е во многу добро расположение. Кажал дека се запишал на угостителски курс специјализиран за украсување на торти на колеџот во Ливерпул. Фактот дека се разнел во такси во терористички напад навистина ме шокираше. Колку што знам, неговиот единствен интерес беше картинг и Формула 1.

Во соопштението, портпаролот на колеџот кажа: Како и многу други, длабоко сме растажени од случувањата во болницата за жени во Ливерпул што се случија овој викенд. Емад(Ензо) Ал Свелмин беше возрасен студент за украсување на торти на колеџот за време на академската 2018/2019 година и сме ужаснати од веста за неговата вмешаност во трагичните случувања кои се случија.

Благосотојбата на нашите студенти и персоналот останува наш приоритет број еден во ова време на градскиот колеџ во Ливерпул што е вознемирувачки за целиот град и поширокиот градски регион.

Во согласност со јавните апели на полицијата на Мерзисајд и другите локални лидери, немаме намера понатаму да коментираме на она што е се уште активна полициска истрага во моментот.

Бомбата не е направена од истите хемикалии како нападот на Манчестер арената. Во меѓувреме, Телеграф дознава дека антитерористичката полиција и безбедносните служби кои ја истражуваат неделната експлозија не пронашле докази дека триацетон пероксид е користен за изработка на бомбата како тој користен за бомбата во Манчестер арената.

Тоа предизвика шпекулации меѓу експертите за експлозиви дека Свеламеен можел да направи домашна направа користејќи огномет.

Еден поранешен офицер за борба против тероризмот, со експертиза за импровизирани експлозивни направи кажа: Тоа е значајна експлозија, ама не е воопшто слична на бомбата користена во Манчестер. Белиот чад кој може да се види како избива од кабината може да укажува на барут, а постои и блесок во самата кабина.

Може да се конструираат домашни уреди користејќи огномет, но тоа бара одреден степен на стручност и планирање. Безбедносните служби ќе сакаат да се осигураат ако Свеалмеен успеал да научи како да направи бомба на интернет, сите видеа со такви инструкции сега да бидат отстранети од интернетот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!