Вие имате прво да ја знаете вистината

Милановиќ предизвика дипломатски скандал! Државата членка на ЕУ ја нарече „фашистичка“ а тие повлекоа драстичен потег

Вчера, за време на престојот во Ватикан, хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ изјави дека е фашизам да се спречат луѓето да излезат на улица.

Австриското Министерство за надворешни работи најостро ја осуди изјавата на претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, кој одлуката на Владата на Австрија да го забрани движењето на невакцинираните граѓани ја нарече фашизам.

По тој повод, австриското Министерство за надворешни работи го поканило на разговор хрватскиот амбасадор Даниел Глунчиќ, кому му било кажано дека тие изјави остро се отфрлени, пишува Виена прес.

Неприфатлива е споредбата на мерките против павидемијата Ковид-19 и фашизмот. Наша одговорност е да ги заштитиме луѓето во Австрија и ја презедовме таа одговорност – соопшти Министерството.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!