Вие имате прво да ја знаете вистината

Фаучи конечно со добри вести: Можно е короната во САД да стане ендемска болест

Главниот американски стручњак за заразни болести Ентони Фаучи денеска порача дека е можно ширењето на ковид вирусот да падне до тој степен што САД следната година ќе го доживува како ендемска болест, а не како пандемија.

-Според мене, ако сакате некоја болест да стане ендемска, морате да го спуштите нивото на инфекција толку ниско што тоа нема да има влијание на заедницата, на вашиот живот, на вашата економија, рекол Фаучи во интервју за Ројтерс.

-Првите предвидувања укажуваат дека тоа би можело да се случи во 2022 година, е заклучокот после разговорот воден од неколку десетина стручњаци кој го објавила агенцијата Ројтерс.

Според нивните очекувања, први држави кои успешно ќе ја пребродат пандемијата ќе бида оние кои спровеле комбинација на висок степен на вакцинација и развивање на природен имунитет меѓу населението заразено од корона вирусот како САД,Велика Британија, Португалија и Индија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!