Вие имате прво да ја знаете вистината

На Блажевиќ ракот му се проширил на коските: Се имам помирено со ситуацијата, сакам само да умрам без болки

Тешко е во последиве денови и недели за новинарите да го побараат Мирослав Блажевиќ. Пласманот на светското првенство што го постигнаа хрватските фудбалери би требало да бидат повод за радост, ама харизматичниот татко на оригиналните “ватрени” тешко излага од својот реквием бидејќи вестите за неговото здравје не се добри…

-Резултатите се повторно лоши. Докторите ги убија метастазите на три места, ама во меѓувреме ракот отишол на коските, се проширил на ребрата и карлицата.

-Кога лекарката прв пат ми кажа дека не е добро, ПСА вредноста покажуваше четири. Следниот пат се качи на девет,и тоа беше алармантно, а на последниот преглед вредноста стигнала до 20.

Додека слушаме за лошите здравствени резултати, 86 годишниот Чиро пополека го рекапитулира својот живот и кариера. Тој, како и секогаш е сликовит во своето изразување. Баш кога ќе помислите дека запаѓа во депресија, тој со убиствена метафора ве тера на смеење.

-Веќе извесно време го нема Томислав Ивиќ и Иван Марковиќ и Ото Бариќ и Влатко Марковиќ, го нема веќе и доста помладиот Златко Крањчар. Си заминаа нашите најголеми фудбалерски и тренерски џинови, па не можам ни јас да останам засекогаш. Се имам помирено со ситуацијата, единствено нешто што сакам е да си заминам без болки. Отсекогаш сум имал низок праг за толеранција на болка.

Натпреварот со Русија го изгледа на работ на каучот и крајот го дочека на работ на живците.

-Замисли ме мене, искусен тренер, тресејќи се како 18 годишник.

Иако беа многу добро дефанзивно организирани, не верував дека Русите можат да издржат. Така го разбранивме нивниот голман (Матвеј Сафонов, 22-годишник од Краснодар), мислам дека за него во татковината после Сплит ќе викаат дека е новиот Лев Јашин. Толку беше импресивен.

Среќа за хрватските фудбалери е дека Сафонов беше единствениот расположен Рус.

-Разликата во класата беше навистина застрашувачка, изгледаше како да играа Манчестер Јунаитед и Братството од Травник! Не можеш да најдеш некаква замерка кај нашите играчи. Златко Далиќ има се брилијантно склопено и јас можам само да кажам дека се гордеам на него. По нешто го имам и јас научено за време на тие две години кога ми беше помошник, а сега можам само да гледам како создава историја.

Нема за учителот поголемо задоволство од тоа да биде надмашен од својот ученик.

Вие тоа и службено го прогласувате Далиќ како најголемиот селектор во историјата на репрезентацијата?

-Еднаш заедно држевме предавање во црква, па од публиката ме прашаа дали Далиќ ме надмаши со резултатот во Русија. Знаете ли зошто тој беше вториот а јас третиот во светот, ги прашав. Затоа што тој повеќе се молеше на Бога хахаха… Откако стана селектор, од мене воопшто не бараше совети. Всушност, ме послуша само еднаш: му кажав дека малиот Гвардиол мора да го стави во одбрамениот центар. Отпрвин, ми се противеше кажувајќи дека во клубот го користат како лев бек, но отпосле сепак ме послуша.

И покрај тоа што Гвардиол е светска класа, него можеш без проблем да го ставиш на центарфор и тој не би потфрлил.

Во Катар по голем резултат

После турбулентното лето и Еуро, националниот машки тим повторно изгледа здраво, амбициозно и моќно. Дали се отвара апетитот заради можноста во Катар?

-Далич покажа голема храброст, работеше за време на смена на генерацијата и асимилираше голем број млади играши во А-тимот. Хрватска оди во Катар по нов голем резултат.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!