Вие имате прво да ја знаете вистината

ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС ВО ЧЕШКА: Земан ќе го именува лидерот на опозицијата за нов премиер

Чешкиот претседател Милош Земан ќе го назначи лидерот на десноцентристичката опозиција Петар Фиала за нов премиер на 26 ноември по минатомесечните избори, потврди Фиала по денешната средба со претседателот.

Коалицијата на десниот центар Заедно, предводена од Фиала, со коалицијата на Прогресивната пиратска партија и Независната листа на градоначалникот Стен освои мнозинство на парламентарните избори на 8-ми и 9-ти октомври, победувајќи ја партијата Ано на премиерот во заминување Андреј Бабиш.

Новата влада ќе стапи на функција додека во Чешка расте бројот на заразени со Ковид -19, а вчера се регистрирани над 22.000 нови случаи, што е нов дневен рекорд.

Премиерот Бабиш денеска изјави дека Владата од наредната недела ќе спречи пристап на невакцинирани лица во јавни настани и услуги.

Фиала (57), професор по политички науки и лидер на Граѓанската демократска партија од 2014 година, рече дека неговиот тим наскоро ќе претстави предлози за борба против пандемијата.

Портпаролот на Земан, кој е хоспитализиран од 10 октомври, рече дека очекува претседателот наскоро да биде пуштен од болница и потврди дека Фиала ќе ја преземе власта на 26 ноември.

Фиала рече дека очекува владата да биде потврдена во рок од три недели.

Идниот чешки премиер изјави дека ќе го намали буџетскиот дефицит за 2022 година, кој според сегашните проекции треба да изнесува 377 милијарди круни, нешто помалку од 17 милијарди долари, што е 4,4 отсто од БДП.

Фиала најави дека неговиот партиски колега Збињек Стањура ќе го преземе Министерството за финансии, додека Пиратската партија го предложи Јан Липевски за министер за надворешни работи.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!