Вие имате прво да ја знаете вистината

Поради зголемените тензии со Кина, Тајван нарача од САД, F-16 борбени ловци!

Тајванската претседателка, Каи Инг-Вен денеска ја пофали воената соработка со Вашингтон, кога ја објави веста за набавка на борбена ескадрила ловци F-16, надградена со американска помош со цел да се зајакне одбраната на островот поради зголемените тензии меѓу Тајпеј и Пекинг.

Зачестените кинески и американски воени вежби во регионот предизвикаа стравувања од можен конфликт предизвикан од демократската криза околу Тајван, за кој Кина тврди дека е нејзина територија.

Претседателката на островот, на церемонијата во воздухопловната база во јужниот тајвански град Чијаи, каде што беше претставена првата ескадрила од најнапредните авиони F-16 и F-16В, изјави дека проектот покажал цврста посветеност на партнерството помеѓу Тајван и Соединети Американски Држави.

Верувам дека се додека се придржуваме до вредностите на демократијата и слободата, ќе има повеќе држави истомисленици кои стојат покрај нас, изјави таа, зборувајќи на истата сцена со највисоката тајванска дипломатка на САД, Сандра Оудкирк.

Соединетите Американски Држави немаат официјални дипломатски врски со Тајван, но се главниот меѓународен спонзор и снабдувач на оружје на островот, што предизвика постојан бес од Пекинг.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!