Вие имате прво да ја знаете вистината

Првични снимки од разорниот земјотрес во Турција-се се тресеше, луѓето скокаа од зградите (видео)

Земјотрес со јачина од пет степени по Рихтер ја погоди северозападната турска провинција Дузџе, соопшти Управата за вонредни ситуации од Министерството за внатрешни работи на Турција (AFAD).

Во моментот нема извештаи за штета или жртви од земјотресот кој се случи во 15:40 по локално време. Меѓутоа, многумина жители во паника истрчале од зградите, објавила приватната телевизија НТВ.

Потресот се почувствувал во Истанбул и во други соседни региони.

Гувернерот на Дузџе кажа дека неговата канцеларија не добила никакви лоши вести за штети или повредени.

Турција се наоѓа на трусно тло и во тој регион често има земјотреси.

Повеќе од 700 луѓе починале во силен земјотрес кој ја погодил Дузџе во 1999. Истата година во август, починале 17000 луѓе во втор силен потрес кој ја погодил блиската провинција Коџаели.

https://youtu.be/LrTrKEdb48s

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!