Вие имате прво да ја знаете вистината

Режисерот на серијата „Squid game” најави продолжение. Фановите ќе бидат воодушевени

Хванг Донг-Хјук, создавачот на мега популарната серија Игра на лигни (Squid game) откри дека ќе биде снимено продолжение на серијата поради големиот интерес. Режисерот и сценаристот зборувал со американските медиуми за историскиот успех на платформата на Нетфликс и им посочил на гледачите дека ќе се “плашат” од новата сезона.

Иако во претходни интервјуа директорот Донг Хјук рече дека нема ништо конкретно освен некои планови за снимање на втора сезона, сега тоа е официјално потврдено.

Оваа вест сигурно ќе ги одушеви милионите фанови ширум светот.

Имаше толку притисок, внимание и љубов за првата сезона. Така што имам чувство дека не ни оставија место за избор. Ќе снимаме втора сезона. Го имам тоа во глава и почнавме да планираме. Сепак мислам дека е прерано да се каже кога и како тоа ќе се одвива-изјавил режисерот.

Интересно е дека генералниот директор на Нетфликс предвидел дека Игра на лигни ќе биде еден од најголемите успеси во историјата на стриминг платформите.

Да потсетиме дека режисерот Хјанг Донг Хјук во претходно интервју за Гардијан има зборувано за неоспорниот успех на серијата. Уште тогаш стави до знаење дека размислува за снимање на продолжение и за тоа ќе зборува со Нетфликс.

Постои и филм кој сакам да го снимам. Морам добро да размислам што ќе направам најпрво, рече тој.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!