Вие имате прво да ја знаете вистината

Русија испраќа нови воени трупи на Крим, ќе формираат подобранска единица

Министерството за одбрана на Русија, соопшти дека државата до почетокот на декември ќе распореди нови воени трупи на Крим, што претставува продолжување на воените активности на спорниот дел од територијата.

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу за руските медиуми изјави, дека до почетокот на декември ќе биде распореден подобрански пат, со што ќе стави крај на реконструкцијата на воените сили на делот од територијата што продолжува да предизвикува спор помеѓу Украина и Русија.

На почетокот на декември во Крим ќе биде завршено формирањето на нов пункт за Воздухопловните сили на Руската Федерација. А додека, формирањето на единица на беспилотни летала ќе биде завршено до крајот на декември, изјави министерот.

Од 2014 година и руската анексија на Крим, Москва формираше бројни воени единици во спорната област, а од 2018 година на Крим се присутни системи за против-воздушна одбрана S-400.

Претходно руската армија инсталираше четири системи Ѕ-400 на Крим. Првиот беше инсталиран во јануари 2017 година во Феодосија, додека преостанатите три системи беа инсталирани во текот на 2018 година во Севастопол, Евпаторија и Џанкој.

Покрај распоредувањето на воените сили, Русија изрази незадоволство од договор помеѓу Украина и Велика Британија, кој ќе ги подобри поморските способности на украинската армија.

Овој факт го гледаме како најнов доказ за зголемување на британската воена активност во земјите кои граничат со Русија, изјави Марија Захарова.

Од друга страна, се огласи и Министерството за одбрана на Украина, кој нагласи дека единствена грижа во Источна Европа треба да биде руското акумулирање на воени трупи на границата со Украина.

Нашата влада, како и британската, нема желба да биде непријателски настроена кон Русија. Сепак, ние сме загрижени за зајакнувањето на руската армија и активностите што Москва ги спроведува околу украинските граници, соопшти Министерството за одбрана на Украина.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!