Вие имате прво да ја знаете вистината

СТРАШНА СМРТ НА МИГРАНТИ: Се задушиле во преполн брод – пронајдени десет тела

Телата на десет лица се пронајдени во преполн чамец со мигранти во близина на брегот на Либија, а се чини дека жртвите се задушиле, соопшти денеска организацијата „Лекари без граници“.

Екипажот на спасувачкиот брод „Гео Баренц“ извлекол 99 луѓе од чамецот што тоне, а потоа ги пронашле телата на долната палуба , пренесе АФП. Во соопштението се наведува дека воздухот под палубата мириса на гориво и дека жртвите најверојатно се задушиле од гасовите додека чамецот пловел во морето цели 13 часа.

Десетици илјади луѓе секоја година се обидуваат да влезат во Европа преку централниот дел на Средоземното Море. Тие пловат од Либија и Тунис и главно се упатуваат кон Италија.

Од почетокот на годинава на оваа релација загинале 1.236 лица , а во истиот период лани загинале 858 лица, покажуваат податоците на ОН.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!