Вие имате прво да ја знаете вистината

Тие се наследнички на едни од најголемите милијардери на планетата: според некој разгалени деца, а според други успешни личности (фото)

Предрасудите за наследниците на богатите родители отсекогаш постоеле, додека некој ја оправдуваат „титулата“ разгалено дете, има и такви кои се многу успешни во својата работа. Речиси сите деца на милијардерите ги обожаваат животните, а заедничко за сите секако се парите што ги наследиле од нивните семејства.

Ив Џобс

Ив е најмладата ќерка на покојниот Стив Џобс, основачот на компанијата Apple. Таа студира на Стенфорд, а според Форбс богатството на семејството Џобс се проценува на околу 16,6 милијарди долари. Ив од неодамна се занимава со манекенство, што можеме да го видиме од нејзините објави на социјалните мрежи.

https://www.instagram.com/p/CUhwtWiAmg9/?utm_source=ig_web_copy_link

Петра и Тамара Еклстоун

Берни Еклстоун, кој неодамна наполни 91 година, а според списанието Celebrity Net Worth, поранешниот директор на Формула 1, тежи околу 3,3 милијарди долари. Иако има четири деца, најголемо внимание во јавноста привлекуваат ќерките Петра и Тамара кои ги доби од бракот со Славица Радиќ. Родени се во 1984 и 1988 година. Тамара е реалити ѕвезда и поранешен модел, а Петра е модел, но таа порано се проба и како дизајнер. И двете ќерки сега се во брак и имаат деца, но порано сакаа да излегуваат и да се забавуваат.

Иванка и Тифани Трамп

Според Форбс, поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп вреди околу 2,5 милијарди долари. Ќерката на контроверзниот политичар, Иванка е поранешен модел и политички советник, неодамна наполни 40 години, а вниманието на јавноста го привлече со својот софистициран и модерен стил на облекување. Нејзината полусестра Тифани (28) ја започна својата пејачка кариера, а се занимава и со манекенство, но се шпекулира дека Трамп никогаш не ја сакал како другите деца, што навистина звучи страшно.

Парис и Ники Хилтон

Парис и Ники Хилтон се правнуци на Конрад Хилтон, кој го има основано синџирот на хотели Хилтон, а се родени во 1981 и 1983 година. Парис се прослави како разгалена богаташка во Њујорк додека работеше како модел во агенцијата на Доналд Трамп, а потоа стана реалити ѕвезда. Богатството на нејзиниот покоен дедо Варон Хилтон се проценува на 2,5 милијарди долари, пренесува Форбс 

Џенифер Кетрин Гејтс

Џенифер Кети Гетс, најстарата ќерка на Бил Гејтс, е родена во 1996 година. Наследничката на најбогатиот човек на планетата, обожава коњи и студира медицина. Нејзиниот татко пред неколку години купил коњанички имот во Калифорнија вреден 18 милиони долари. Џенифер се омажи во октомври, а големо внимание привлече поради фактот што до олтарот ја придружуваа нејзините родители Бил и Мелинда кои се разведоа годинава по 27 години брак. Богатството на Гејтс се проценува на 138,9 милијарди долари, пишува Форбс.

Клои Грин

Ќерка на Филип Грин, сопственик на Аркадија груп, кој има Топшоп, Топман и Мис Селфриџ. Клои е позната по разгалувањето, но и по тоа што има син со затвореник Џереми Микс. Имено, таа се обидела да дизајнира чевли, но очајно не успева, а најголемиот дел од животот се потпирала на богатството на нејзиниот татко. Богатството на нејзиниот татко се проценува на 2,3 милијарди долари, пишува Форбс.

Софија Абрамович

Софија е родена во 1995 година и е ќерка на Роман Абрамович, руско-израелски милијардер и бизнисмен кој е сопственик на фудбалскиот клуб Челзи. Дипломирала менаџмент во Лондон. Таа е вешт скокач, а ја претставувала и Русија на меѓународни натпревари во коњи. И покрај тоа што сака да го држи приватниот живот подалеку од очите на јавноста, таа ужива да споделува фотографии на социјалната мрежа Инстаграм. Според Форбс, богатството на Роман Абрамович се проценува на околу 14,4 милијарди долари.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!